Намалена казна на 3 години затвор за возачот кој ја покоси студентката Фросина кај Универзална сала

За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, потврдија за Телма од Апелациониот суд.

Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил 3-годишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од едногодишна забрана за управување со моторни возила.

Фросина Цековска загина на лице место кога Видојковиќ ја удри на пешачкиот премин кај Универзална. Возачот не застанал по кобниот удар. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Кривичниот суд еднаш му пресуди и го осуди на 6 и пол години затвор , но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.

На второто судење Видојковиќ беше осуден на 4 години затвор, а денеска Апелација која жалбата ја разгледувала на јавен претрес му ја намали затворската казна дополнително на 3 години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ