Намален бројот на спорни гласачи во избирачкиот список

Нема повеќе од 5-6 илјади спорни гласачи во избирачкиот список. Ова го тврди  претседателот на Државната изборна комисија, коментирајќи ги гласините што се шират по социјалните мрежи за повеќе лица пријавени на иста адреса. Овие случаи, вели, најчесто се резултат на немарност при ажурирање на податоците кога луѓето се селат или заминуваат во странство, како и на невмрежувањето на институциите во еден систем.

После јавниот увид се извршени промени кај околу 400 лица. Повеќето се избришани, а дел се и впишани со Избирачкиот список, што треба да биде заклучен најдоцна до 7 септември. Тогаш ќе биде соопштена и конечната бројка на гласачи во земјава.

Од дијаспората, пак, ќе гласаат само 2.768 лица и тоа во 33 дипломатско конзуларни претставништва. Поради слаб интерес, односно пријавени помалку од десет гласачи, нема да се гласа во 13 претставништва, меѓу кои се и Тирана, Приштина и Сараево. Иако нема да се гласа ниту во Њу Делхи, од Индија покажаа интерес да го  набљудуваат референдумот. Денеска ДИК ја одобри акредитацијата на индиската Фондација за спас на земјата, која ќе го набљудува гласањето заедно со ОБСЕ ОДИХР и Комитетот за отворена демократија.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ