Најмногу болни од рак во најзагадените градови

Најмногу болни од рак има во најзагадените градови: Скопје, Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Смртноста од ова заболување се`уште е на врвот, веднаш зад срцевите заболувања. Во 2016-тата, 3.882 лица не успелае да ја победат битака со ракот. Лекарите признаваат дека аерозагадувањето е голем ризик фактор, на исто рамниште е со последиците од тутунот.

Мажите најчесто страдаат од рак на бели дробови, а жените од рак на дојка. Болеста се открива во доцна фаза, кога изгледите за преживување се премали.

Лекарите советуваат, граѓаните да ги искористат бесплатните превентивни прегледи. на жените на возраст од 24 до 35 години им следува бесплатен ПАП-тест, а на мажите од 50 до 55 тест за рано откривање рак на простата. Од Институтот за јавно здравје ги повикаа и жените од 50 до 69 години да закажат мамографија, особено оние кои не се здравствено осигурани и сите граѓани од 50 до 70 години со таканаферчениот ФОБ-тест да превенираат рак на дебелото црево.

Весна Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ