Најмалите карневалџии го отворија карневалското славје во Струмица

Со шарените маски и насмевките што ѕиркаат под креативните костими, најмалите карневалџии го отворија карневалското славје во Струмица. Целонеделните настани започнаа со детскиот маскенбал каде што синоќа ги избраа принцот и принцезата кои ќе ја предводат кралската свита на детскиот карневал на прочка. Најбројни беа ликовите на јунаците од детските сказни и цртани филмови, со кои што најмалите дружат и растат.

Макенбалот се одржува петта година по ред. Тој е иницијатива на стумичани за збогатување на содржините на карневалот, но и повеќе забава за најмладите и негување на традицијата з амаскирање од мали нозе.

Вечерва повторно ќе се пее и игра под маски, заедно со музичкото училиште Боро Џони. Утре е маскенбалот а в сабота главното дефиле по улиците на градот. Карневалските свечености завршуваат в среда со чествување на празникот на армасаните, Тримери.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ