Најфекфентната делница кај Дабиле, најопасна за движење

Раскрсницата што го дели патот во центарот на струмичко  Дабиље кон Берово и кон македонско – бугарската граница е најфреквентната точка во државата. Тоа го покажале мерењата за државното претпријатие за државни патишта, кои со специјални бројачи утврдиле дека овој пат е еден од најоптоварените со сообраќај.

Китанов вели дека следниве месеци претстојува проширување на оваа делница со четири ленти, но во делот од Струмица до почетокот на населеното место, бидејќи во селото нема да биде изводливо поради близината на куќите.

Од СВР Струмица велат дека на оваа делница има и многу сообраќајни несреќи, честопати и со човечки жртви.

Оваа делница е дел од магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, кој во моментов се реконструира.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ