
Најавениот трансфер на предметите на СЈО ги одложи „Транспортер“ и „Шамарите во центар“
Предметite на СЈО се се уште во обвинителствто на Рузвелтова, надлежните не откриваат кога и како ќе се трансферираат во обвинителството на Кејот на Вардар а закажаните рочишта се одлагаат. Ситуацијата која настана откако Јанева даде овластување за пренос на предметите а обвинителот Јовески најави дека ќе ги презем,е но се уште процедурата не е почната, ги одложи „Транспопртер“ и „Шамарите во Центар“ чии обвиненија и денеска ги бранеа обвинители од СЈО.
Денеска не можеме да продолжиме со судењето за да не направиме провреда на постапка. Се надевам дека следните денови ќе се расчисти ситуацијата во која целото судство е заробено, рече судијката Добрила Кацарска.
Адвокатите во овие предмети се противат на планот за трансфер на предмети со обралзожение дека актуелниот за СЈО не предвидел законски основ СЈО да предава предмети на републичкото. Сметаат дека само со нов закон може да се предвиди таква постапка а сметаат дека е апсурдно што иницијативата за ваквиот трансфер тргнува токму од Јанева, која е во притвор за злоупотреба на функцијата.
Од СЈО денеска излегоа со соопштение но без детали за спроведувањето на операцијата „Трансфер“. Дали и како ќе постапуваат со своите предмети ќе известат откако ќе одбијат писмен допис од Јовески. Обвинителот Бубевски не очекува одолговлекување на предметите.
Сите предмети на СЈО мора да имаат судска завршница, смета првиот човек на Судскиот совет.
Но освен за предметите СЈО отвора дилеми и за вработените во оваа институција. На обвинителите им истекува мандатот заедно со Јанева, но на другите вработени им трае работниот однос уште една година кога истекува и официјално мандатот на СЈО како институција. Загрижени се затоа што не е доносен нов закон ниту е избран нов шеф па предупредуваат на можни проблеми не само од областа на работните односи туку и за безбедносните процедури за материјалите кои ќе останат во објектот на СЈО.
Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството, велат од СЈО.
Од највисоките катови на републичкото обвинителство денеска не откриваат детали. Јовески вчера за Телма потврди дека се подготвени да ги преземат предметите и обвинителите и дека деновиве ќе се знаат техничките детали за постпаката.
Елена Ивановска Мукоска