
Наим Реџепи од Куманово е убиен во во вооружена престрелка во Мала Речица
Наим Реџепи од Куманово е убиен во во вооружена престрелка која се случи околу 18 часот и дваесет минути во Мала Речица во близина на седиштето на ДУИ. Во инцидентот како што официјално информираат од МВР, повредено е уште едно лице.
Пукањето било токму на оваа улица каде полицијата се уште врши увид на лице место, а беа пронајдени чаурите и трагите од крв.
Во каква состојба е повреденото лице од Клиничката болница Тетово, не успеавме да добиеме одговор. Оттаму ни соопшттија дека инцидентот бил деликатен и сложен, за кој само полицијата вечерва ќе дава информации.
Нефицијално наши извори говорат дека во пресметката поврдено е уште едно лице. Сите биле од Куманово
Наши извори говорат станува збор за две ривалски кумановски групи на Демократската Унија за Интеграција. Тие пред да се случи инцидентот излегувале од седиштетот од Мала Речица кое е само на околу триста метри од местото на вооружената пресметка. Две од лицата кои пукале се фатени од полицијата во близина бензиската Пумпа Макпетрол на излезот од Тетово кон Скопје.
Од Демократската Унија за интеграција демантираат дека вооружениот инцидент има било каква поврзанот со партијата.
„Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информација во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција“, се вели во соопштението на ДУИ.
Вооружена пресметка пред седиштето на ДУИ се случи и пред 8 години кога вооружен напаѓач пукаше кон лидерот на партијата Ахи Ахмети.
Зоран Димовски