
Надзорот за избор на ректор и нов сенат на УКИМ одложен поради заболени од Ковид- 19 во ДПИ
Привремено запрени постапките за надзор за избор на ректор и нови сенатори на УКИМ, поради 2 новозаболени од Државниот просветен инспекторат, потврди за Телма, директорот Спировски. Надзорите започнаа на барање на Антикорупциската комисија и Мезависниот академски синдикат, кои го обвинија ректорот Јанкуловски дека постапува спротивно на Статутот на Универзитетот, Законот за високо образование и Уредбата на владата за мандатите на тела и органи на управување во вонредна состојба. Денеска од НАКС упатија барање до Владата за толкување на Уредбата , која според нив е нејасна , а ректорот ја применува.
Потврдени двајца позитивни на корона вирус со извршен тест, од Државниот просветен инспекторат. Се работи за вработени во администрација. Сега трае епидемиошката анкета во ПИ, за утврдување на контактите , по што ќе се знае, колку од вработените ќе одат во самоизолација, покрај двајцата заболени, вели директорот Спировски.
- Еден од нив е пријавен во вчерашната бројка на новозаболени, а другиот заболен вработен ќе влезе во статистиката за денеска. Двајцата се без симтоми , но веќе се наоѓаат во самоизолација, согласно препораките на Центарот за јавно здравје. Во моментов во ДПИ трае епидемиошка анкета, за да се утврдат контактите и да се определи евентуалниот дополнителен бројот на вработени кои ќе одат во самоизолација, доколку контактирале со заболените – Томе Спировски – директор на Државен пшросветен инспекторат.
Спировски дал налог за вршење инспекциски надзор, по преставката од НАКС, за започнатата постапка за избор на нов Сенат на УКИМ, од страна на актуелниот ректорот Никола Јанкуловски. Но, овој и надзорот за избор на нов ректор, што го побара ДКСК, ќе продолжат по надминување на здравствените проблеми со вработените, додава Спировски. Академскиот синдикат денеска достави барање до Владата , за толкување, дополнување или измени на Уредбата, за продолжување на мандатите на тела и органи на управување, во вонредна состојба. од НАКС бараат повеќе разјаснувања од Владата.
- Не е јасно дали може да се одржуваат избори. Во Уредбата се споменува продолжување на мандати на органите и телата за кои што не е извршен избор. Па, не се знае за колку време ќе се продолжат мандатите . Ни , дали мандатите ќе се продолжат за време на вонредна состојба. Дали продолжувањето ќе се однесува на оние органи и тела кои што не извршиле избор, кои што не започнале избор и на оние постапки кои треба да продолжат – Маја Стевановиќ – НАКС.
Ректорот Јанкуловски кој има мандат до 15 Септември и е кандидат за нов мандат, вели дека Уредбата е јасна и недвосмислена и дека се однесува на органи на кои им истекува мандатот за време на вонредна состојба и продолжува да трае додека таквата состојба не заврши.
Сотир Трајков