
Надзорна расправа за културните политики и годишната програма на Министерството за култура
Собраниската Комисија за култура денеска организира надзорна расправа за културните политики и начинот на донесување на Годишната програма за проекти од национален интерес со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година.
Одлуката според која се делеле средствата предизвика жестока рекација кај културните работници, кои тврдеа дека пари добиле само апликанти кои биле блиски до власта.
Министерот Адеми, на денешната собраниска расправа вели дека оценката ја вршеле стручни лица согласно законите.