Надеж за цензус на 5 Мај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува на 5-ти Мај да излезат повеќе од 40% од гласачите и да се избере претседател на државата.

Убеден е во победа на Гордана Силјановска Давкова.

Нема конкретен одговор дали ќе преземе каква било одговорност доколку нивната  кандидатка евентуално изгуби на изборите.

И лидерот на ДУИ Али Ахмети се надева на поголема излезност во вториот изборен круг.

“Јас верувам и убеден сум дека ќе имаме цензус на вториот круг од претседателските избори. Јас дадов една изјава во врска со цензусот и можам со сигурност да кажам дека сме многу блиску до успех и сите органи на партијата , работат да има цензус и успехот ќе биде многу голем. Јас мислам дека на 5-ти Мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака до меѓународната заедница дека на 5-ти Мај, не сме гласале за кандидат за Претседател, туку за што поскоро членство во НАТО и ЕУ. Не е точно дека ние како ДУИ немаме силна кампања, сите органи на партијата се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност на 5-ти Мај-изјави Ахмети.

За разлика од Мицкоски , Премиерот Заев вчера порача дека доколку во вториот круг од претседателските избори не се постигне потребниот цензус или пак не победи Стево Пендаровски тогаш ќе се распишат предвремни парламентарни избори.

Мицкоски останува на барањето за предвремни парламентарни избори.Не верува во најавените чистки во СДСМ, ниту пак е оптимист дека тоа ќе даде позитивен резултат.

ВМРО-ДПМНЕ очекува од претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во четврток да го кажат конечниот став околу вториот круг од претседателските избори  и ако евентуално гласаат да одлучат како ќе постапат  на 5 мај.

Тоа вели Мицкоски, не е во насока на апстинирање, туку напротив придонесува да се подобрат и зајакнат демократските капацитети во државата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ