Надал ја освои 11 титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал ја одбрани титулата и 11 пат го подигна победничкиот пехар на вториот грен слем тениски турнир Отвореното првенство на Франција што попладнево заврши во Париз.

Во финалето на „Филип Шатрие“, светскиот рекет број еден го совлада Австриецот Доминик Тием со 3:0 (6:4, 6:3, 6:2) за два часа и 44 минути игра.

Незапирливиот Шпанец го продолжи низот на 16 победи по ред на „париската земја“ откако последен пат беше совладан во 2015 година во четвртфиналето од Србинот Новак Ѓоковиќ.

Надал со победата на ланскиот „Ролан Гарос“ и „Ју Ес“ опен ја освои третата титула на последните пет грен слем турнири или 17 во кариерата од четирите големи турнири.

Истовремено Надал е единствениот тенисер со 11 трофеи од турнири кои припаѓаат на три различни категории. Тој има 11 титули уште и во Барселона и во Монте Карло.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ