
Над 500 планинари се искачија на врвот Клепа во чест на Калина Велевска и Александар Миновски
Над 500 планинари од Македонија и од планинарскиот клуб „Железничар 2006“ од Врање денеска се искачија на врвот Клепа на надморска височина од 1150 метри, во спомен на планинарите Калина Велевска и Александар Миновски кои на денешен ден пред една година загинаа на Кајмакчалан.
Искачувањето го организираа општините Градско и Росоман и еколошките друштва „Грин Пауер“ од Велес и „Планинарски предизвик 12 врвови“ акција на ПД „Трансверзалец“.
Веле Коцев од село Сирково, член на ПСК „Бистра“ од Скопје, рече дека лани и Калина учествувала на овој поход и заедно со останатите засадила свое дрвце кое го оградила со три камења. Денеска во нејзин и спомен на Александар учесниците на походот над теренот над село Сирково кон село Подлес засадија околу 500 зимзелени дрвца.
Искачувањето кон врвот Клепа беше во две тури една од село Сирково до Подлешко Езеро во должина од седум километри која беше полесната тура за почетници и втората тура од Подлешко Езеро до врвот Клепе во должина од 12-тина километри која ја организира ПД „Чеплес“ од Велес. Двете тури со вкупна должина од 20 тина километри,.