Над 200 работници денеска се тестираат во една фабрика во Штип

За првпат во историјата на текстилството машините стивнаа во конфекциите во Штип. Уредбата на Владата денеска се почитува за затварање на сите текстилни и кожарски фабрики е заклучокот на инспекторите, невладината Гласен Текстилец и на Општинскиот кризен штаб. Над 200 работници денеска се тестираат во една фабрика, каде што се појавија позитивни случаи. Работниците сметаат дека е добро што има масовно тестирање.

Автобусите утринава ги донеле во кругот на фабриките, каде што епидемиолозите им земале брисеви.

Првичните анализи покажаа дека Ковид 19 влезе во седум конфекции откако работничка имала контакт со пријателка која била заразена. Работничката и покрај тоа што имала симптоми одела на работа, па вирусот се ширел низ погонот и во автобусите со кои се превезувале работнички  и од други три конфекции. Непочитувањето на мерките, неносење на заштитни маски и дистанца во автобусите, како и опуштањето на граѓаните на Штип пред првомајските празници дека овој град ќе прогласи победа над пандемијата се причина за молскавичното ширење на вирусот во конфекциите. Телма побара одговори од сопствениците, од една  фабрика со странски капитал ни беше посочено дека пред четири дена епидемиолозите ги информирале оти кај нив има една работничка позитивна, веднаш сопственикот од Германија наредил работниците да одат на платен годишен одмор до 17 јуни. Сметаат дека работничката не се заразила при транспортот.

Нашите работници се тестираа резултатите ги очекуваме вечерва или утре, по што ќе знаеме дали заразата во погонот е раширена и како пристигнувала до работниците. Сметаме дека направивме се за да ги заштитиме нашите работници, меѓу машините има растојание повеќе од три метри, уште на почетокот се сошија без број маски за да ги носат, имаме околу 100 работници, а погонот е со површина од над 1.000 метри квадратни. Откако ќе ги добиеме резултатите може да се направи анализа.

Во здравствениот билтен денеска се регистрираат 16 случаи во општините Штип и Карбинци, активни случаи во овие две општини се вкупно 104 лица.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ