Набавката на автобуси со заем од ЕБОР на пленарна

Набавката на автобуси со заем од ЕБОР денеска е на пленарна седница на Собранието. Предлог-законот за гаранција на обврските по договорот за заем ќе се носи по брза постапка. ЈСП ќе потроши 12 милиони евра за нископодни автобуси на ком-примиран природен гас.  10 милиони евра ќе бидат обезбедени преку ЕБОР, додека 2 милиони од буџетот на јавното претпријатие.  За заемот ќе гарантира државата. Пред околу еден месец Телма објави дека 40 автобуси на ЈСП не се возат низ градот затоа што 6 месеци немаат гуми, а на булеварите се вратија старите и дотраени автобуси. Претпријатието троши 150 илјaди евра годишно за делови за кинеските и украински автобуси.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ