На Управен суд запрена одлуката на антикорупциска за вработувања со „политичка“ заднина

Уште една позитивна одлука на Управниот суд откако била поднесена тужба од директорката на Стоматологија против решение на антикорупциска комисија.

Управниот суд одлучил времено да ја запре одлуката на ДКСК со која во август се бараше директорката да биде разрешена и да се поништи вработување на 8 луѓе на клиниката за стоматологија.

Тогаша антикорупциска ја покрена постапката против директорката на Стоматологија затоа што во февруари вработила 8-мина на клиниката со дискрециони овластувања наместо со објективни критериуми.

Управниот суд времено го стопирал извршувањето на решението затоа што смета дека незадоволните треба правдата за вработување да ја бараат на граѓански суд, а не со претставка до антикорупција, тврдат управни судии за Телма кои ја виделе одлуката. Судот пред да ја донесе конечната одлука треба да провери дали во Деловникот на Клиниката за стоматологија „Св. Пантелејмон“ директорката има дискреционо право да одлучува за вработување.

Ќе се проверува дали има доволно докази дека директроката на стоматолигија Амела Цана го злоупотребила своето дискреционо право за за 8 вработувањата на  стоматологија во фебрури годинава.

На 5-ти август антикорупционерите тврдеа дека тие февруарски вработувања имаат политичка заднина пред избори, и дека ДКСК испраќа порака дека ќе се санкционираат сите огласи во кои ќе се препознае политичко влијание.

Но на таа одлука следуваше тужба. Професорот Борче Давитковски вели дека ова е втора одлука која докажува дека одлуките на антикорупциска можат да паднат на Уставен.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ