На Токсикологија ноќеска примени 29 пациенти

14 годишно дете е најмладиот пациент кој за новогодишната ноќ во алкохолизирана состојба завршил на Токсикологија.

Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата. Сите се лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома.

На ургентниот центар се прегледани 105 пациенти, 13 од нив завршиле во хируршките клиники.

Лекарите апелираа до граѓаните да внимаваат со внес на храна и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.  

Тие вчера, за разлика од претходните години велат дека имале релативно мирна ноќ за работа.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ