На Скопскиот аеродром пречекан два милионитиот патник

Ивана Николоска од Прилеп, која живее во Мелбурн, е два милионитиот патник на Скопскиот аеродром. Таа претпладнево пристигна од Доха со летот на „Катар Ервејс“, а во земјава доаѓа за претстојните празници. Раководството на ТАВ си зададе задача на крајот на 2022 година да го дочека тримилионитиот патник.

Владата, која минатата недела го објави третиот тендер за субвенции за евтини летови, очекува тој успешно да заврши до крајот на годинава, а за тоа во следните три години ќе бидат потрошени 5 милиони евра буџетски пари. Од ТАВ велат дека тоа што во моментов нема субвенции не го намалило бројот на патници, туку напротив, тој е зголемен за 17 отсто.

Министерот за транспорт Сугарески најави дека паралелно ќе се прават анализи дали е исплатливо да се формира национален авиопревозник, а директорот на ТАВ Македонија, Ерсој, лично смета дека Владата не треба да и дава поддршка на националната авиокомпанија, туку таа да си обезбеди стабилни извори на финансирање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ