На СДСМ им пречат професионалци, ВМРО-ДПМНЕ за одбивањето на Ковачки

Изненадени и неинформирани се во опозиционата ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на владеачката партија за одбивањето на Драган Ковачки за технички МВР.

Несериозно е преку соопштение да се комуницира за вака важни теми. СДСМ се уште нема известено за официјален став и одлука. ВМРО-ДПМНЕ се држи до ставот на Претседателот Мицкоски искажан преку социјалните мрежи. Очигледно на СДСМ им пречат професионалци. За идните одлуки ќе бидете благовремено известени, .

коментираат од ВМРО-ДПМНЕ

Во статусот на ФБ, Мицкоски вели дека нема да се дозволи СДСМ да го влече министерот за рака:

Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта. А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце. Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив,

вели преку социјалната мрежа Мицкоски.

Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации. А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор, тврди Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ