На пунктовите дневно се тестираат по 20 до 30 луѓе

Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата. Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари.  Доколку има потреба можно е да се отвори пункт и во Ѓорче Петров. Екипата на Телма беше во поликлиника Јане Сандански, од каде ни кажаа дека дневно на секој пункт се тестираат околу 20 граѓани, а резултатите се добиваат за два дена.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ