На приватно земјиште во Маџир Маало ќе се градат три хотели

На приватно земјиште во Маџир Маало ќе  се градат три хотели . На ваквото предлог  прекројување на Деталниот урбанистички план реагираа жителите на ова маало. Тие повеќе од два часа дискутираа со општинарите на Центар и побара ваквиот план да не се реализира.

Од општината велат дека Деталниот урбанистички план е проектиран согласно Генералниот урбанистички план. Им порачаа на граѓаните да потполнат анкетни листови и да ја известат општината дека не сакаат хотели на птиватни парцели.

Уште шест дена жителите можат да поднесат анкетни листови. А за овој предлог Детален урбанистички план Советот на општина Центар треба да гласа на крајот на годината. 

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ