
На премиерот Заев му требаат функционерите кои се полакомија за државни пари
На премиерот Зоран Заев му требаат функционерите кои се полакомија за државни пари.
Нема да бара оставки и покрај тоа што преку нивни фирми се обидоа да добијат помош од Фондот за иновации. За него е позитивно тоа што ја одбрале подобрата опција, а тоа е да се повлечат од фирмите, а не од вицепремиерското или пратеничкото место.
Леарницата на вицепремиерот Кочо Анѓушев беше на листата добитници на државни пари. Друштво и правеше и печатницата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец. Премиерот смета дека сега нивните компании се обесправени бидејќи на пазарот не можат да се борат рамноправно со останатите. Со повлекувањето од конкурсот си ја поправиле оценката кај Заев.
Законот не препознава конфликт ако сопственик на фирма е функционер а аплициа за државни пари. Незаконски е ако тој е управител. Сепак од фондот ги повикаа сите фирми добитници да пријават дали имаат сопственик функционер по што ќе следува одлука дали ќе бидат дисквалификувани.
Билјана Николовска