
На подрачјето на СВР Велес, од вчерашните 353 лица во самоизолција денеска бројот е намален на 185
На територијата на СВР Велес во кој се вклучени Велес, Кавадарци и Негототино вчерашната бројка на 353 лица во самоизолација под контрола на полицијата денеска е намалена за скоро половина на 185 лица. Од нив денеска најмалку лица во самоизолација се во Неготино – 30 лица, во Кавадрци – 69 и во Велес – 86 лица.
Инаку во изминатата ноќ за време на полицискиот час на територијата на СВР Велес, имало 5 прекршувања на полицискиот час од кои три во Велес и две во Неготино, а во Кавадарци немало ниту едно прекршување. Но затоа, претходната ноќ најмногу 5 прекршители на полицискиот час беа во Кавадарци, а три беа во Велес.