
На патот Тетово – Јажинце нелегално поставени 17 „лежечки полицајци“
Магистралниот пат Тетово – Јажинце наместо Јавното претпријатие за државни патишта во свои раце го зеле мештаните и општините. Противзаконски тие поставуваат таканаречени легнати полицајци, кои дополнително создаваат хаос и гужви на овој пат, кој ја поврзува државата со Косово.
Жителите од овој крај кои ги анкетиравме, велат дека биле принудени да интервенираат на патот поради безбедносни причини. Некои сметаат дека поставените грпки треба да се остранат, но надлежните претходно да преземат чекори со кои би ја довеле во сигурност безбедноса на пешаците и возачите, кои го користат овој патен правец.
На патот Тетово – Јажинце има поставено 17 лежечки полицајци. Агенцијата за државни патишта заедно со полицијата еднаш се обиде да ги острани, но акцијата беше безуспешна откако мештаните се спротиставија. СВР Тетово во неколку наврати има најавено дека ќе се извдадат сите грпки, но состојбата на терен е иста. Сега и заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, вели дека патот ќе се доведе во нормална состојба како што налага законот.
Невообичаено за магистрален пат, Општина Теарце гради дури и тротоар долж овој патен правец Градоначалникот на општината Исен Асани вели дека овој инфраструктурен зафат е согласно законот.
Од Јавното претпријатие за државни патишта не добивме конкретен одговор, дали во иднина планираат да преземат мерки за самоволието врз овој патен правец.
Оттаму ни посочија дена нивната служба поради противењето на мештаните успеала да острани само 3 леганати полицајци од вклупно 17 кои се поставени долж овој пат.
Зоран Димовски