
На опозицијата и треба будење и нова енергија
На опозицијата и треба будење и нова енергија. Вака аналитичарате го оценуваат најавениот антивладин протест на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 2 јуни. И покрај фактот што во моментов амбиентот не е толку неповолен и не може да смени ништо во политичкиот дискурс сепак од неговата огранизација ќе зависи натамошната консолидацијата на партијата и неопходноста да се биде коректив на власта, вели Петар Арсовски.
Владимир Божиновски оценува дека најголемата опозициска партија мора да изготви програма и да има визија за сите случувања во земјата. Потребни им се нови личности на политичката сцена.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека на 2 јуни почнува битката против актуелната власт и нејзините деструктивни политики. Ќе побараат предвремени парламентарни избори затоа што се незадоволни од економскиот развој, притисоците врз судството и немањето реформи во здраството, образованието и социјалата.
Jулијана Пешевска