На обвинетиот Марковски ќе му се суди во раздвоена постапка за „27 април“

Судечкиот совет во предметот „27 април“ одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е  на лекување во ГОБ  „8 Септември“.

Раздвојување на постапката за него побара обвинителката Вилма Русковска. Сашо Марковски во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница, поради што рочиштето беше одожено за денеска.

Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење од ГОБ „8 Септември“ за неговата задравствена состојба.

Во Кривичниот суд продолжува судењето за останатите обвинети за насилствата во Собранието на 27 април лани. Денеска се гледа видео запис од камерата бр.14 во законодавниот дом.

За „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ