На МРТВ се емитува едукативна програма за учениците

На трите канали на Македонската радио телевизија од денеска почна емитувањето на ТВ училница. Два часа основците и деца од претшколска возраст , додека седат дома ќе имаат можност да гледаат едукативна програма подговтвена од наставници и професори. На овој начин министерството за образование ќе се обиде да им ги надокнади пропуштените лекции додека училиштата се под клуч.

Секој ден ќе бидат најавувани емисиите и темите кои ќе бидат обработувани утредента. Препорачувам да ги следите и корисно да го исполните времето кое го поминувате дома, образованието е вашиот најголем интерес и процес кој не смее да трпи застој, порача министерот Арбр Адеми.

Денешната програма е посветена на хигената. Децата кои имаат дилеми и прашања можат да се јават на наставниците кои ќе им одговораат и ќе се обидат да ги научат како да се заштит од коронавирусот. Освен програмата за најмладите, на МРТВ ќе се емитуваат и  едукативни емисии и за повисоките одделенија.

МОН апелира до наставниците волонтерски да се приклучат на оваа иницијатива.

Слично решение донесе и хрватската Влада која одлучи на третиот канал на Хрватската радио-телевизија да се емитува само образовна програма наменета за учениците.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ