На  МРТВ од понеделник ќе се емитува едукативна програма за учениците

Македонската радио телевизија од понеделник ќе емитува едукативна програма. На овој начин Министерството за образование ќе се обиде да ги надокнади пропуштените лекции и наставата на основците. Едукативните видеа се повеќе јазични с и ќе се прикажуваат на првиот, вториот и третиот канал на Македонската радио телевизија. Ваквата програма се воведува за да учениците кои се на принуден од коронавирусот распут квалитетно го искористат слободното време дома. Таа ќе ги следи образовните програми за предметите кои се предаваат во училиштата. Во програмата ќе учествуваат наставници и професорите од училиштата.

Од министерството за образование апелираа и сите наставници кои се заинтересирани да бидат дел од изготвување на програмата да ги исконтактираат и да им ги кажаат идеите.

Инаку, основните, средните училишта и универзитетите во Македонија веќе трет ден се под клуч. Наместо во училишни клупи учениците ќе останат дома уште 10 дена.

Слично решение донесе и хрватската Влада која одлучи од понеделник на третиот канал на Хрватската радио-телевизија да се емитува само образовна програма наменета за учениците.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ