На корона позитивен и Гоце Делчев Тодев, претседателот на независниот полициски синдикат- тврди се заразил по контакт со вработен на караулата Блаце

Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев е потврден како позитивен случај на Ковид 19.

Делчев-Тодев за Телма потврди дека утрово му се јавиле и му кажале дека тестот му е позитивен. 5 дена бил во самоизолација. Тврди дека се заразил на работното место во зградата на МТВ (претходно објавивме дека контактот бил во полициската станица Блаце на границата кон Косово, поради што е оваа исправка).

Тогаш во зградата на МТВ, каде се наоѓаат граничните служби на МВР, синдикалецот имал средба со колега од Чаир вработен кој донел уверение за боледување, а истиот чекал резултати од тестирање. Последните неколку дена Тодев имал температура од над 38 степени по што бил на тестирање.

На фб профилот објави дека првите симптоми ги имал на 7-ми јуни, а контакт со заразено лице имал на 26-ти мај на Блаце.

Нема информации од МВР дали и колку гранични полицајци ќе одат во самоизолација.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ