
На кој разузнавач телефонирал азилантот Груевски ?
Стариот „цигла“ модел на нокиа освен улогата за комуникација имал и друга улога во историјатот на македонските разузнавачи. Исклучен имал можност за тајно видео снимање. Тоа е само еден од експонатите на музејот на Агенцијата за разузнавање, кои тајните агенти ги користеле во минатото.
Во сегашноста агенцијата живее со обвинувањата за одговорност за бегството на Никола Груевски кој патот за Будимпешта го оствари со целосна поддршка на унгарски дипломати. Директорот вели дека сите коментари на таа тема се спротивни на актуелната цел- евро-атлантските интеграции и се поизвесното НАТО членство. Соработува со сите државни институции во сите потребни активности. Но директорот Иванов без прецизен одговор на колку вработени во агенцијата им се јавувал Никола Груевски од Будимпешта, за што тие морале и поднеле извештај. Екс премиерот со сигурност, како што вчера објави Код, контактирал со најмалку еден вработен во агенцијата- кој е и обвинет во случај на СЈО.
А разузнавачите во агенцијата, сега ќе имаат можност и да учат на курс за разузнавање кој заеднички го реализираат со факултетот за безбедност.
И двете страни се надеваат дека курсот може да предизвика и заинтересираност во регионот затоа што не постои таков начин на обука на разузнавачи за справување со модерните закани, кои се сосема спротивни од старите претстави за шпионски акции, сместени во музејот на агенцијата.
Миомир Серафиновиќ