
На Кочан му се слошило во Идризово
На Сеат Кочан му се покачил притисокот во Идризово по што превентивно му е ставена инекција. Според информации од затворот, повисокиот притисок е последица на шокот и стресот што е во затворот. Инекцијата е дадена како превентива за смирување и неговата состојба ќе се следи.
Кочан од синоќа е сместен во приемното одделение од каде ќе биде префрлен во ќелија откако од 5 до 15 дена помине процесот на прием и надзор од стручни лица за да се направи проценка за неговата психофизичка состојба. Надзорот го прават лекар, социолог, психолог и криминолог. По нивните оценки ќе биде префрлен на одделение со други затвореници.
Сеад Кочан беше донесен во Идризово синоќа околу 23 часот на издржување на затворската казна од 4 години и осум месеци поради злоупотребна на постапката при јавна набавка во предметот „Труст“.