На Клинички се третираат само итни случаи

До пред еден месец Клинички беше местото каде што луѓе од цела Македонија, доаѓаа на медицински испитувања, да добијат терапија, да направат рентген снимка. Но доаѓањето на коронавирусот во Македонија го смени протоколот на работа. За да се спречи опасноста од ширењето на се примаат само итни случаи.

Предност пред другите имаат пациенти со малигни болести, оние кои настраделе во сообрќајни несреќи , луѓе со скршеници. Сите други кои имаат закажано кај специјалист , добиле известување од „МојТермин“ дека прегледот им е откажан.  Др. Илир Хасани вели дека оние луѓе кои биле оперирани , а за кој постои сомнеж дека се позитивни на КОВИД – 19 се изолирани во посебни простории.

 Во услови невидени за медицината од шпанската чума пред 110 години, колегиумите на докторите од канцеларија се префлија онлајн.

Од Институтот за трансфузиологија смируваат дека има доволно резери на крв за наредниот месец и половина. Во телефонски разговор за Телма директорот Садула Усеини вели дека тие на својата веб страници редовно информираат колку залихи имаат и дали и кога ќе има потреба од нови. Освен редовните прегледи забранети се и посетите на болните. Така ќе биде се додека трае вонредната состојба.

 

Теодора Цветковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ