
На Груевски ќе му се суди во отсуство, одбраната вели дека е достапен на органите на прогон
На бегалецот Никола Груевски ќе му се суди во остсуство за насилствата пред општина Центар. Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи побара од судот осомничениот Груевски како поттикнувач на насилните дејства во 2013 година да продолжи да му се суди во отсуство.
Адвокатите на Груевски тврдеа дека не е бегалец од правдата туку дека има право да побара политички азил. Фетаи возврати на адвокатот Дангов дека правни совети за политички азил може да му понуди во Унгарија, а не тука.
Фетаи побара и мерка притвор за азилантот Груевски кој штом се врати во Македонија ќе мора да се упати во истражен затвор за овој предмет. Судот не донесе конечна одлука бидејќи за ова дело не е предвидена казна затвор од пет години, Груевски и натаму е пратеник и според Деловникот треба дозвола од Собранието.
На рочиштето Миле Јанакиевски беше доведен од притвор. Адвокатката Сања Алексиќ поднела жалба за притворите до кривичниот совет и за Јанакиевски и Божиновски.
Сведоците кои биле вработени во општина Центар ги идентификуваа сите обвинети како директни учесници во насилните протести и дека дофрлувале со пцости и се заканувале со физичка пресметка со градоначалникот Жерновски и советниците.
Христијан Станоевиќ