На граничните премини е празно

Возачите на товарните возила се единствените минувачи на македонско – грчката граница кај Гевгелија. Обезбедени со маски и ракавици, велат дека се трудат колку што можат да се заштитат и безбедно да ја вршат својата работа. Сметаат дека најважно е сите да бидат претпазливи и освесни.

Возачите велат дека има контроли речиси на сите гранични премин што ги минуваат, но никаде немале проблеми или долги чекања.

Министерството за внатрешни работи информира дека за нив ќе има пропусници со кои ќе можат повеќепати да излегуваат и влегуваат во земјата.

Граничниот премин е затворен за патници и возила, а пограничните служби велат дека досега нема никакви проблеми.

Со одлука на Владата затворени се сите гранични премини во државата, а од утре нема да работи и аеродромот во Скопје.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ