
На гостиварскиот апелационен суд му се потребни повеќе судии
Апелациониот суд во Гостивар бара вработување на нови судии. Претседателот на оваа институција, Шефајет Хајдари вели дека годишно се борат со околу 6.000 предмети и со постојните 13 судии не можат навреме да ги решат предметите.
Немањето доволен број на судии особено создава проблеми во кривичниот оддел, кадешто предметите треба да ги суди кривичен совет, составен од пет судии.
Од Апелација сметаат дека проблемот ќе се ублажи со вработување на барем уште тројца судии.
Инаку Гостиварска Апелација е надлежна да решава по жалби против одлуките на Основните судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево.
Зоран Димовски