
На Богородица запленет половина тон марихуана
Половина тон марихуана вредна околу еден милион евра е запленета на граничниот премин Богородица. Граничната контрола ја пронашла во камион и била наменета за Турција.
Истрагата покажала дека марихуаната ја набавил 33 годишен скопјанец до Албанија со цел да ја продаде во Турција, а за транспортот го ангажирал 46 годишниот возач на камионот, кој е приведен.
Голема количина марихуана беше запленета и во јануари годинава на граничниот премин Богородица. Тогаш грчки државјанин се обиде да внесе во државата повеќе од 300 килограми марихуана во вредност од околу 800 илјади евра, којашто била наменета за Западна Европа.
Сузана Мицева