На Блаце речиси и да нема патници

На граничниот премин Блаце речиси и да нема патници и товарни возила кои ја преминуваат македонско-косовската граница. Граничните службеници за Телма велат дека протокот на патници и стока, во однос на претходните два дена е драстично намален. На сите првично им се мери температура, а лица со покачена телесна температура додека нашата екипа беше на терен – немаше.

Најголем дел од патниците се жителите на Косово кои беа во Македонија, а дознаа за затворање на границата од косовска страна и се превезуваа до границата од нивните роднини. Поради високите мерки на превенција таму остануваат во 14 дневен карантин. Голем број косовски граѓани дојдоа во Скопје поради затворањето на аеродромот во Приштина и сега пак се враќаа назад.

Инаку странските државјани кои доаѓаат од високо и средно ризични земји веднаш се враќаат назад, а такви утринава имало педесетина. Македонските граѓани пак кои доаѓаат од земји од висок и среден ризик од Ковид 19 според листата на Светската здравствена организација веднаш се праќаат во карантин. Утринава само дваесетина граѓани ја поминале границата и не доаѓале од високо и средно ризични земји. Само еден наш државјанин доаѓаше од Швајцарија, но одлучи да не оди во карантин туку да се врати назад да бара друг начин како да стигне до Швајцарија.

А.Ф.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ