На 5-ти септември продолжува седницата на Апелација по жалабата на Груевски

По дест часа, вечерва, заврши јавната седница на Апелација за жалбата на прво-степената пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, односно за набавката на мерцедесот од 600 илјади евра.

Откако беше прочитана првостепената пресуда, претседателката на Судечкиот совет Цветанка Пешиќ, ја прекина седницата и продолжението го закажа за 5 септември.

На тоа рочиште Груевски и Поповски, пред Судечкиот совет ќе треба да ја образложат поднесената жалба.

Во текот на денешното судење беа правени неколку паузи, поради поднесените барања за изземање на судечкиот совет, претседателот на Апелацискиот суд, судијата известител и претседателот на Судечкиот совет од страна на адвокатот Стерјо Зиков и осудениот Никола Груевски. Сите барања беа одбиени.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ