Македонија На 31 март ќе биде отворена новата зграда на Кривичен
Првиот отворен предмет на СЈО – „Титаник“, за изборни нерегуларности со 20 обинети мегу кои и експремиерот Груевски и неговите соработници ќе биде и првиот предмет на специјалната обвинителка кој ќе се суди во новиот Кривичен суд. Судењето е закажано за 2 април, два дена по отворањето на новиот објект. Следно ке биде „Триста“ за набавката на возила за МВР. Претседателот на Кривичен, Иван Џолев вели дека на 31 март, на Денот на правосудството, ќе биде официјално отворен новиот суд, а деновиве се прават последните подготовки.
Во судот има инвентар компјутери и друга неопходна опрема за функционирање но опрема за аудиовизуелно снимање сега за сега има инсталирано само во најголемата судница. Понатаму и другите судници ке добијат камери. Првично во новата зграда ке бидат преселени судиите и службениците од одделот за организиран криминал и кривично полонолетни, бидејки во овие два оддели се најголемите предмети. Во април ке се преселат и останатите оддели, кажа Иван Џолев, претседател на Кривичен суд.
Условите и капацитетите во стариот суд изграден пред децении се одамна надминати, па последниве години, особено периодов откако влегоа во судница и предметите на СЈО имаше битка меѓу судиите кој прв да ја зафати единствената поголема судница.
Неодамна Џолев ја побара салата во Врховен како алтенрнативно решение за поголемите судења, но претседатлеот Јово Вангеловски го одби, а на медиумите им образложи дека тоа е свечена сала, а не судница и дека била оштетена од судењата кои се одржувале таму. Денеска во таа сала Врховен на јавна седница ги разгледуваше жалбите за притворите на осомничените за 27 април.
Темелите на новиот суд беа поставени уште во мај 2010 кога министер за правда беше Михајло Маневски, но пуштањето во употреба на објектот до сега се одлагаше од најразлични причини.
Елена Ивановска Мукоска



