
На 13-ти јуни ќе се сослушуваат врховните судии
Дел од петмината врховни судии за кои Судскиот совет води постапка поради укинатиот притвор на бизнисменот Кочан добиле покани и планираат да дојдат лично на расправата закажана за 13-ти јуни а размислуваат и да побараат пред јавноста да ги изнесат своите ставови, велат судски извори за Телма. За укинувањето на притворот на Кочан кој беше во бегство гласале тројца судии, но постапката се води за сите петмина на чело со претседатлеот Јово Вангеловски кои беа дел од Кривичниот совет. Освен за овој случај невладината „Зелена Лупа“ иницираше претставки и за судиите кои одлучлуваа за притворите на бегалците од УБК Грујевкси и Бошковски. Но Караџоски не сакаше конкретно да говори за предмети со обралзожение дека постапките се тајни и од доверлив карактер
Членовите на Судскиот совет зад затворнеи врати ќе го разгледуваат и првичниот изветај на комисија формирана од судскиот совет која ги проверуваше наодите работната група од правда за акмис системот. Поради бројните забелешки, комисијата од судскиот совет има уште многу проверки и извештајот не е целосен, но Караџоски вели се покажало дека нема темна борјка на незаведени предмети ниту дупли акмис
Неодамна „Топ тема на Ваша страна“ објави документи дека 250 предмети од Организиран криминал биле распределени рачно во скопскиот Кривичен суд од 2015 до 2017 година.
Елена Ивановска Мукоска