
БДП во прв квартал со раст од 0,2 проценти
Стапката на раст на бруто-домашниот производ за првото тримесечје од 2020 година е 0.2 %- соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите Информации и комуникации од 10.4 %; Дејности во врска со недвижен имот од 6.5 % и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 5.2 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје номинално расте за 2.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.2 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 7.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.6 %.