МЗ ја фаворизирала германската АББОТ

Министерството за здравство со тендерот за биореагесни и тестови на крвта прекршило најмалку 7 членови од законот јавни набавки. Распишале оглас и навеле услови со кои се фаврозира германското претставништво на американската фармацевска компанија АББОТ. Ова го заклучила државната комисија од жалбите на трите веледрогерии. Министерствотво за здравство барало анализа на 1200 тествои на час. Таква машина поседувал само производителот и и единствен апликант на тендерот, АББОТ од Германија.

„Во согласност со член 36, Договорниот орган не смее да дефинира технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство, изведба, определен процес или трговски марки, патенти, видови или специфично потекло на стоки со цел фаворизирање или елиминирање на определени економски оператори или определени стоки“, соопштија од Државна комисија за жалби по јавни набавки.

Министерството за здравство минатиот петок експресно ја испочитува одлуаката на комисијата која е обврзувачка и го поништи тендерот. Минстерот Венко Филипче за медиумите посочи дека нема да дозволи да помине тендер со една понуда. На 53 страни фармацевските куќи Адриамед, Авицена и ДР- Пановски се жалеле дека тендерските услови се напишани само за една фирма. Државната комсија во сите три одговори го прифатила како што вели пропустот на распишувачот на тендерот.

„Неделивоста на оваа јавна набавка ја ограничува конкуренцијата меѓу економските оператори, односно не е во согласност со членот 2 од Законот за јавните набавки. Во поткрепа на наведеното е и фактот што за оваа јавна набавка е пристигната само една понуда“.

Истите жалби трите фирми ги доставиле и во мај кога се водел техничкиот дијалог, но тогаш комисијата за жалби им ги одбила како неосновани. Пред две недели во јавноста се крена прашина дека фирмата АХР ЛАБ формирна пред 4 месеци го добила тендерот тежок 36 милиони евра, која пак преку сопственикот Александарт Јованвски соопшти дека тој е подизведувач на германска филијала АББОТ.

Министерот го стопираше тендерот, а постапката заврши со жалби пред државната комисија. Прашани ,од минситерството велат дека се согласуваат со одлуката на комисијата и нема да се жалат пред урпавниот суд. На трите фирми жалители ќе им исплатат 100,000 денари за за адвоактите трошоци во постапката. Доколку поминеше оваа набавка формата ќе имаше обврска о анредните три години да ја собира крвта на граѓаните, да ја транспортира и анализира во 12 лабаратори со опрема која самата се обврзала дека ќе ја обезбеди за сума од 36 милиони евра, а не како до сега секоја клиника за гоидишни потреби да набавува реагесни и да врши анализи со постоечките машини.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ