МЗ: Епидемијата на мали сипаници уште трае, досега вакцинирани 41.623 лица на возраст до 14 години

Министерството за здравство соопшти дека сè уште е во тек епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава. Вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623.

Од почетокот на епидемијата, досега, во центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани 6.291 дози вакцина, од кои повеќе од 60 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се лица на возраст над 14 години. 

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица, посочуваат од Министерството за здравство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ