МВР: Виновниците за Диво Насеље ќе се соочат со одговорност

Трет 9 мај по оној во 2015-та кога Kуманово се разбуди со пукотници, се уште се бараат одговори кој и зошто сакаше да се случи Диво Насеље, оружена пресметка во која животот го загубија осумина полицајци и 1о-тина оружени напаѓачи, а 40 припадници на МВР беа повредени.

Овие осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните, жртва за која треба сите да се вложиме и да работиме вредно, за веќе никогаш да не ни се случи порачаа од МВР

„Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори! Припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси. Одговорните за настаните во Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста“, кажаа од МВР.

Каде МВР ја бара одговорноста дали има и нова истрага од МВР не откриваат. Премиерот Заев вели дека полицијата се што поседувала околу предметот е предадено на правосудсните органи. За да се направи меѓународна експертиза за Диво Насеље треба прво да е завршена правосилно судската постапка во земјава пред да се вклучат меѓународни експерти.

Пресудата за 37 обвинети за тероризам и терористичка организација од кои 8-мина добија и доживотна робија се уште не е стасана во скопскиот апелациски суд кој треба да ги разгледа жалбите.

Како што објави Код на Телма –  Тигрите кога се подготвувале за акцијата им било кажано дека одат во акција против двајца вооружени и опасни шверцери на дрога. Специјалците требало да влезат во две куќи и  требало да ги изненадат шверцерите на спиење, во 5 часот на сабајле.  Дел од терористичката група во Куманово стигнале со возило на итна помош од Отља каде биле претходно сокриени.

Дека имало лоша проценка од страна УБК, призна во интервју за Фокус, пред повеќе месеци новиот директор Николовски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку видео обракање вели правдата да биде задоволена и не треба да има компромис со тероризмот

„Било кое селфи и смеење на местото каде полицајците ги загубија своите животи, иницијатива за меѓународна арбитража која се почесто се споменува, или пак политички договор за работи кои се јасни и многу прецизни, и каде веќе има утврдена вина и одговорност се тенденциозно нарушување на јасната слика дека криминалот, тероризмот и насилството мора да бидат казнети и тука не смее да има компромиси“, кажа Мицкоски.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ