
МВР трага по пазарџиите кои ги нападнаа пазарните инспектори и цариниците на градскиот пазар во Тетово
Од инцидентот денеска се појави видео снимка, на која се гледа како напаѓачите се обидуваат да ја одземат запленетата акциска стока, а истовремено упатуваат вулгарни напади кон службените лица.
Од пазарниот инспекторат, велат дека во кординација со царината но и МВР работат на пронаѓање на сторителите.
Оттаму истакнаа дека на тетовскиот пазар заедно со вработени од царината пристигнале со 4 возила.
Оттаму се пожалија дека на местото имало преставнци од полицијата кои воопшто не реагирале за време на инцидентот.
-Кога започнала акцијата на местото на инцидентот имало двајца вработени од сообраќајната полиција кои намест да интервенираат, тие заминале од местото, соопштија од пазарниот инспекторат.
Од СВР Тетово велат дека за акцијата на градскиот пазар не биле информирани ниту пак било побарано нивна интервенција, а таков случај и воопшто не бил пријавен во нивниот дневен билтен.
Од Пазарниот инспекторат, ни одговорија дека случајот го пријавиле во МВР затоа што се работи за нападнати лица од државна институција, а не побарале полициска интервенција оти процениле дека не постои безбедносен ризик, со оглед на фактот дека ваквите интервенции се чести во речиси сите градови во државата.
Инаку на градскиот пазар на 21 месецов беа одземени 415 кутии цигари и 89 килограми тутун.
Зоран Димовски