МВР соопштува дека е спречен терористички напад од ИСИС- нема детали за целта и за приведени терористи

МВР соопшти дека е спречен терористички напад, но нема податоци за терористите и за локацијата, освен што е соопштено дека ИСИС стоел зад потенцијалниот напад.

-Министерството за внатрешни работи по претходно разменети оперативни сознанија со партнерска земја, во врска со потенцијални планови и намери за извршување на терористички акт на територијата на Република Северна Македонија од страна на припадници на радикални структури поддржувачи на ИСИС, спроведе оперативно-тактички мерки со цел идентификација на можните организатори, логистичари и потенцијалните извршители на нападот, соопштија од Министерството.

-Со цел попречување на терористичкиот напад и остварување на превентивната функција, Министерството за внатрешни работи изготви план на мерки и активности, за што обезбеди соодветни наредби за нивно спроведување. По добиените наредби на неколку локации на територијата на државата извршени се претреси при што се одземени предмети и уреди кои се поврзани со можниот напад. Министерството за внатрешни работи продолжува да спроведува дејствија, мерки и активности со кои се работи на осигурување на безбедноста на граѓаните, стои во соопштението на МВР.

Телма дознава дека за случајот треба да има соопштение од амбасада во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ