МВР презема мерки за денешниот инцидент во Крушево

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа предмети кон делегациите.

  • Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење говор на омраза на денешната манифестација во Крушево, наведува МВР.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ