
МВР- ЈО најавија истрага кој поседува и емитува прислушувани аудио снимки
МВР, скопското и прилепското обвинителство тргнаа во потргата по човекот кој поседува и емитува прислушувани разговори на социјалните мрежи.
Поранешни функционери, претседател на суд, политичари, универзитетски професори и партиски активисти се дел од соговорниците во 6- те нови аудио „бомби“ кои го преплавија интернетот.
Зад нив се потпиша анонимен „Илија Громовник“, а материјалот го шири од руската социјална мрежа „ВК“. Деталите од истражителите сеуште ги нема.
Случајот се заплеткал уште пред две недели кога на протест во Прилеп бизнисменот Љупчо Палевски со разглас и звучници започнал да емитува дел од овие снимки. За Телма, тврди дека МВР знае дека не се негови, туку ги забележал на странски интернет мрежи. Полицијата го приведе и го осомничи.
Како и Палевски и МВР занеле за овие разгвори, но македонската јавност ги слушна откако се појавија во различен временски интервал на фејсбук и јутуб. Специјалното јавното обвинителство не знае дали и ти ги имаат истите, но тврди дека не излегле од нивниот трезор.
„Ќе се прави анализа на овие материјали и откако ќе се преслушаат СЈО ќе одлучи што понатаму. Ќе треба и да се види дали овие разговори веќе ги имаме во добиените материјали. Она што е сигурно е дека овие материјали не се излезени од тука, како и дека прислушуваните снимки овде се чуваат под посебен режим.“
Во очекување на анализите на СЈО, премиерот Зоран Заев кој поседуваше стотици илјади вакви снимки, вели слушнал многу разгвори и највероајтно и овие снимки се дел од пакетот кој опзицијата го предаде на СЈО.
Согласен со премиерот е и лидерот на опозицијата дека освен СДСМ како партија и СЈО, вакви разговори поседуваат и други луѓе.
Во 6-те снимки говорат сегашниот министер за внатрешни Оливер Спасовски и поранешната министерка Гордана Јанкуловска.
Се чу и гласот на Бранко Црвенковски, а една е насловена и„Јово превера“, во која се зборува дека претседателот на врховниот суд Јово Вангеловски зел мито за да одлучи за судски предмет во корист на српскиот бизнисмен познат на јавноста како Газда Нини.
Ако се анализира содржината се споменуваат истакнати партиски функционери и од опозицијата и од власта на неколку денови до претседателските избори. Временскиот период на случувањата е од пред 7-8 години, но последната снимка на двајца партиски активисти насловена како „Комититети“ во која зборуваат за фантомки и упад во собранието останува загонетка на која одговор треба да дадат истражните органи.
Павле Беловски