МВР и ОЈО прибираат информации по објавеното видео во кое вработена во Основен суд Скопје договара и зема поткуп

МВР и Обвинителството прибираат информации по објавеното видео на DOSIE.MK на кое се гледа вработена во Основен суд во Скопје како договара и зема поткуп за да договори пресуда. Се работи за вработена во оддел за стопански спорови.

Вработената од семејство на осуден за разбојништво побарала и добила 6.500 евра за наводно да договори пресудата во Апелациониот суд да падне односно да биде укината. Семејството се согласило и и дале пари кои таа ги ставила во џеб, а пресудата поради грешки во постапката била укината и вратена на повторно судење.

Осомничената која ја има на видеото и самата погледнува дали некој ја снима. Видеото не застанува тука има и дел каде таа споменува имиња на судии кои одлучувале по предметот но според странките никогаш ниту побарале ниту зеле пари ниту имаат некаква конекција со осмомничената. Според извори од скопските судови  и друг пат била замешана во слични нелегални активности.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ