МВР: До 12 часот гласањето е мирно и без проблеми

До 12 часот, гласањето за избор на петти претседател на државата, се одвива мирно и без проблеми, велат од МВР. Од таму апелираат до граѓаните и во преостанатиот дел од денот да го остварат правото на глас, на мирен и достоинствен начин, а евентуалните обиди за нарушување на изборниот процес ќе бидат санкционирани.

До сега, Министерството за внатрешни работи нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето. Тоа се одвива мирно , без проблеми. МВР апелира до граѓаните и во преостанатиот дел од денот на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде експресно санкциониран, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ