МВР денеска треба да соопшти детали за инцидентите на Мечкин Камен

Денеска се очекува МВР да соопшти детали од истрагатата и сослушувањето на лицата кои на Илинден на Мечкин Камен, организирана од претседателот Ѓорѓе Иванов предизвикаа инциденти.  На распит биле повикани десетина лица, и ако се утврди одговорност , велат од МВР, ќе бидат доставени соодветни поднесоци. Во меѓувреме, дисциплинската комисија на министерството за одбрана се очекува да го потврди и да го санкционира учеството на професионалниот војник во овој инцидент.

Владината делегација, заедно со дипломатскиот кор во земјава, на 2-ри август на Мечкин Камен беа пречекани со пцовки, вулгарни извици, се фрлаа пластични шишиња кон нив, а додека делегциите полагаа цвеќе на споменикот,  навивачките групи продолжија уште пожестоко да  скандирааат  пароли со говор на омраза и вулгарности. Присутните со аплауз го дочекаа само претседателот Ѓорѓе Иванов, кој во своето обраќање жестокот ја нападна актуелната власт и рече дека не го прифаќа грчкиот договор, затоа што е штетен, а нема да го поколебаат обидите за притисок врз него.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ